Ѓорчев: СДСМ ги заштитува насилниците

Од:

„Чисто во најава да кажам дека денес имаме ново продолжение каде што Курто Дудуш спрема претепаното лице упатува навреди, закани и омаловажување со говор на омраза.

Имаме цела низа и цела композиција на однесување кое што е крајно загрижувачко.

Јасно е дека СДСМ и Зоран Заев директно го заштитуваат Курто Дудуш во сите негови насилства, киднапирања, претепувања и катастрофално однесување.

Во Јуни минатата година имавме директна изјава од Зоран Заев кој што самиот кажа дека ако се потврди случајот со Курто Дудуш лично ќе му побарал оставка“, рече Влатко Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Случајот со Курто Дудуш не само што се потврди туку тој и се повторува на дневна основа, а гледаме дека нема никаква реакција.

Пораката е повеќе од страшна. Ќе ги кажам работите во композиција кои што се однесуваат на Курто Дудуш.

Курто Дудуш како пратеник директно пред камери кажа дека членската книшка на СДСМ е нова лична карта, нова возачка дозвола и дека со членската книшка на СДСМ ќесе добива социјална помош.

Курто Дудуш како дел од својата кампања е посредно и непосредно поврзан со претепувањето и кршењето на череп на неговиот против кандидат за време на локалните избори.

Курто Дудуш во неговата канцеларија како градоначалник на СДСМ, претепа и киднапираше лице, се га со истото лице се исмева, на истото лице му се заканува.

Што е реакцијата? Нема реакција туку напротив тој е заштитен од Зоран Заев и СДСМ, а Оливер Спасовски го посетува во неговата канцеларија.

Значи пораката од ова е повеќе од јасна.

СДСМ ги заштитува насилниците. СДСМ ги заштитува оние кои што се изживуваат врз луѓето, нема никакви последици врз нив, а напротив тоа голем ризик и за претстојните парламентарни избори.

Луѓето како Курто Дудуш и Зоран Заев треба да си заминат. И двајцата треба да си поднесат оставка и Македонија треба да биде нормална земја. Ова не се случува и не е нормално да биде редовна состојба и несанкционирана во било кое демократско општество“, изјави Влатко Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов