Ѓорчев: Ќе дојде време кога професионалци кои работат по Уставот и законите ќе го процесуираат криминалот на Заев

Од:

Зоран Заев може да бега од правдата, но не може да избега.


Благодарение на Бранко Црвенковски се спаси од одговорност за криминал тежок 8 милиони евра, а сега благодарение на Катица Јанева се спаси од одговорност за „Пуч“ и директно рушење на уставниот поредок на Република Македонија.


Зоран Заев е единствениот криминалец кој е два пати аболициран. Тој е единствениот политичар и во Европа и во светот со вакво досие. Аболицираниот Зоран Заев во политиката гледа засолниште и спас за криминалот. На тој начин смета дека е привилегиран во однос на останатите граѓани за кои важат законите, рече на прес конфереција Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Катица Јанева знаеше дека има премногу докази кои ја потврдуваат вината на Заев и Верушевски. Затоа Катица Јанева одлучи да му помогне на својот штитеник и да го спаси од одговорност. Доколку и Заев и Верушевски и Јанева беа убедени дека злосторничкото здружение одговорно за “Пуч” е невино, ќе оставеа тоа да се докаже во судска постапка.


Вака СЈО наместо да го гони криминалот, одлучи да се стави во негова одбрана.


СЈО целосно се делегитимираше и покажа дека е непрофесионално, партизирано и политизирано.

ВМРО-ДПМНЕ апелира Катица Јанева и другите послушници на Заев да не помислат да украдат, уништат или сокријат макар и еден доказ од предметот “Пуч”.


Ќе има правда и ќе има мир кога криминалци како аболицираниот Заев ќе одговараат пред надлежните судови.


Народот гласаше против деструктивната и криминална политика на Зоран Заев.


СЈО само ја поништи основната причина заради која беше формирано, а тоа беше расчистување на скандалот со незаконски прибавените и монтирани телефонски разговори.


Ќе дојде времето кога професионалци кои имаат капацитет и интегритет, ќе работат според Уставот и законите пред кои се заколнале и до крај ќе го процесуираат криминалот на Заев.


Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е закана за македонскиот идентитет

Горан Наумовски

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина