Ѓерѓ Дедај именуван за нов амбасадор на Косово во Македонија

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи го потпиша указот за именување на актуелниот заменик министер за надворешни работи Ѓерѓ Дедај за нов амбасадор на Косово во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста на својата фејсбук-страница синоќа ја објави самиот Дедај.

– Во нова мисија, државна одговорност за Косово! Му благодарам на претседателот на Република Косово, Хашим Тачи за довербата и моето именување за амбасадор/шеф на Дипломатската мисија на Република Косово во Република Македонија, напиша Дедај.

Веста за именувањето на контроверзниот дипломат за амбасадор во Македонија предизвика бројни негативни реакции во косовската јавност.

Пратениците од Групта 6+ во косовското Собрание минатата недела побараа од премиерот Рамуш Харадинај разрешување на Дедај од функцијата заменик министер, поради неговите навредливи изјави во однос на Република Турција.

– Дедај, со неговите понижувачки изјави, со кои предизвикува раздор, ја навреди турската заедница во Косово, се вели во писмото на пратениците од помалите етнички заедници, кои се дел од владејачката коалиција.

Би можело да ве интересира

Дедо е осомничен дека ги уби синот и внуката во село близу Гњилане

Горан Наумовски

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он