Ги нема ветените субвенции за туристичките агенции

Од:

Охридскиот градоначалник Александар Петрески рече оти туристичките агенции останале без ветените субвенции од страна на владата за странските гости кои ги донеле во Охрид и прашање е дали истите тие агенции кои не добиле пари ќе бидат дел од програмата на Владата за субвенционирање во туризмот и понатаму.

Петрески рече дека идејата за сувенции не билa ништо ново, и оти голем дел од проектите поврзани со туризмот потекнувале од него и локалната самоупраvа.Тој рече дека наместо владата да ги реши основните проблеми кои ќе донесат повеќе гости, тие работат други работи.


„Треба подобрување на патната инфраструктура на патниот правец Гостивар – Охрид и Битола – Охрид. И секако авионскиот превоз. Времениот туризам подразбира брзо пристигање до целта ние не можеме да разговараме за современ туризам доколку потенцијалните туристи би патувале 15 и повеќе часа за Охрид“, рече Александар Петрески, градоначалникот на Охрид.

Пратеникот на СДСМ од Охрид Митре Вељаноски рече оти Законот за туристичките развојни зони бил заглавен во комисијата за економија, бидејќи истиот немал поддршка од ДУИ.

„Проблемот со законот е во тоа што, дефинитивно флагрантно овој закон онака како што е предложен го суспендира процесот за децентрализација, законот за градежно земјиште, законот за урбанистичко планирање бидејќи на агенцијата за туризам и се дава незаконски надлежности, на нејзин предлог. Владата да предложи туристичка развојна зона, потоа во таа зона продажбата да ја спроведува агенцијата и сето тоа има елементи на голема незаконитост агернцијата сето тоа може да го прави во четири очи со по едно евро“, рече Митре Велјаноски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Мицкоски: Растот на куповната моќ и туризмот се доказ дека државата оди напред

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски