Продолжува блокадата на граничниот премин „Богородица“, од страна на такистите и приватните автобуски превозници од општина Гевгелија, кои од 10 до 12 часот денеска повторно ќе ги затворат лентите за влез и излез од земјата.
Тие се уште немаат одговор на нивното барање да се вклучат во превозот на мигрантите од јужната кон северната граница.
– Ни беше ветено од надлежните дека до синоќа ќе стигне одговорот на нашето барање, но тоа не се случи и покрај тоа што чекавме до последен момент. Нашата добра волја не се почитува па затоа одлучивме да продолжиме со блокирањето на граничниот премин секој ден по два часа. До кога ќе трае тоа,веќе не зависи од нас, рече денеска претрседателот на такси здружението,Миле Ангелов.
Основното барање на такси и автобуските превозници е тие во дневните часови да ги превезуваат мигрантите кон Табановце, а ноќе тоа да го прават возовите на МЖ. Овој договор, посочуваат, беше постигнат, но траеше само еден ден.