Гевгеличанец шверцувал пакистански мигранти

Од:

Четворица илегални мигранти од Пакистан се откриени ноќеска часот на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на селото Марвинци. Тие се превезувале во „Сеат кордоба“ со велешки регистерски ознаки, сопственост на такси компанија „Хит Д.М.“ од Гевгелија, кое го управувал З.Д. (42) од Гевгелија.

Tребале да бидат префрлени д до Скопје, за цена  од по 100 евра.

Регионалниот центар Југ поднесе кривична пријава против З.Д., а истражен судија му одредил мерка притвор од 30 дена. Мигрантите се пренесени во Прифатниот центар за странци во Скопје, за понатамошна постапка

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод