Германски стручњаци ќе го анализираат Мерцедесот на Младенов?

Од:

Механичари од Германија (земјата каде се прозиведува Мерцедес) пројавиле интерес да го прегледаат мерцедесот на Никола Младенов за да утврдат какви удари претрпело возилото, објави Алфа.

Механичарите на прозиводителот испитуваат техничка исправност на возилото.

Тоа претходно ќе мора да го провери и домашен орган – како машински факултет или независни вештаци.

Анализата со техничката исправност ќе се надополни на крим-техничкото вештачење кое денеска МВР му го презентира на истражниот судија со откриените наоди. Со извештајот е подготвена фото- документација и скици каков правец имало возилото.

Крим-техничкото вештачење содржи податоци за оштетувањата на возилото, за пронајдените траги, за траекторијата по која се движело. Останува податокот дека Никола Младенов прво удрил лево во бетонската ограда, а потоа излетал десно низ баникната на автопатот. За сега не се посочува дека во сообраќајката учествувало друго возило кое влијаело на правецот на новинарот на „Фокус“.

Би можело да ве интересира

МИМ го објави 16-тиот конкурс за новинарската награда „Никола Младенов“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) СДСМ: Вистината за смртта на Никола Младенов – што се презентираше пред камера, а што зборуваа по телефон

Емир Латифовиќ

Протести во 9 градови во Македонија

Ана Ололовска

Груевски: Поддржуваме и се согласуваме на нова истрага за смртта на Младенов

Емир Латифовиќ

Две години од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска

Една година од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска