Не е непознато дека многу млади луѓе во земјава завршуваат факултет, ја земаат дипломата в рака, а сепак не можат да ја замислат и остварат својата иднина, со оглед на тоа што немаат искуство, а со тоа и помали шанси да најдат работа. За жал, ова е реалноста на многу млади денес, кои се чувствуваат обесхрабрени во однос на нивната кариера.
Но, што ако можеш да учиш и да работиш во исто време? Да дипломираш со знаење, искуство и со сигурност дека веќе си дел од пазарот на труд?
Токму тоа го нуди Хајделберг Факултет во Скопје. Германскиот дуален модел на образование го менува начинот на кој младите градат кариера. Во време кога сѐ поголем број од нив се соочуваат со неизвесност по завршувањето на факултетот, Хајделберг Факултет во Скопје го нуди решението – дуален модел на образование, каде студентите не само што стекнуваат диплома, туку и реално работно искуство, уште додека студираат.
Со акредитирани програми за додипломски студии со две дипломи – германска и македонска, студентите на Хајделберг Факултет имаат можност да изберат меѓу Бизнис администрација (банкарство, осигурување и контролинг) и Податоци и компјутерски науки. Она што ги прави овие програми уникатни е фактот што додека посетуваат настава, студентите паралелно се вклучени во платена пракса или работен однос со скратено или полно работно време во компании-партнери, кои се дел од германскиот едукативен модел.
„Дипломата не е само хартија. Таа треба да биде синоним за подготвеност за пазарот на труд. Затоа, интеграцијата на практично искуство за време на студиите е наш приоритет“, вели проф. д-р Синиша Наумоски од Хајделберг Факултетот.
И навистина, студентите се поддржани преку месечни надоместоци од компаниите, со што студирањето станува речиси без трошоци за нивните семејства. Тоа е дел од концептот што Германија го гради со децении, а сега, за прв пат, достапен е и кај нас.
Преку соработка со германскиот универзитет Провадис во Франкфурт, студентите имаат можност во 5-от семестар да заминат на предавања и да подготват завршен проект во Германија, со ментори – германски професори. На тој начин, тие излегуваат од академијата не само како дипломирани кадри, туку и како подготвени стручни лица за пазарот на труд.
„Со дуалниот модел ние не ги подготвуваме студентите за пазарот на труд, оти тие веќе се подготвени. Затоа, ова не е само образовна реформа, туку вистинска револуција“, додава професор Улрих Цајтел, претседател на Одборот на директори.
Местата за учебната 2025/26 година се ограничени – само 30 студенти по насока, а половината се веќе пополнети. Имено, ова е не само студирање, туку можност за младиот човек да се постави на вистинска кариерна патека – со германски квалитет и локален пристап.
Германија е дома. Во срцето на Скопје. И со неа – иднината започнува уште денес. Аплицирај веднаш тука!