Улрих Цајтел: Високите даноци и социјалниот буџет ја забавија Германија, но следува стабилен раст

Од:

Членот на економскиот совет на германската конзервативна Демохристијанска унија, ЦДУ, професорот Улрих Цајтел, кој е дојден во посета на Хајделберг Факултет во Скопје каде што е претседател на Бордот на директори, се осврна на  проблемите со двегодишната рецесија на Германија, со уверување дека до крајот од 2025 година ситуацијата ќе биде подобра во однос економските показатели, со очекување за економски раст до крајот на годината.

„Имаме 2 години рецесија во Германија, економскиот раст се намали и за тоа има неколку причини. Не сакам да ставам акцент на светската состојба, бидејќи и други земји во Европа ги имаа истите проблеми и се справија подобро од нас. Затоа, мислам дека во Германија имаме ситуација во која социјалниот буџет е превисок, имаме превисоки даноци за компаниите и мислам дека е потребно време за да се направи пресврт“, изјави Цајтел.

Тој додаде дека германскиот канцелар Фридрих Мерц и новата влада се на власт околу 100 дена и дека за толку краток период не може да се промени економијата на 80 милиони жители, но, како што рече, работите заземаат нов тек.

„Оваа влада веќе успеа да смени над 100 закони и овие закони треба да ги задоволат очекувањата, а за тоа е потребно малку време. Јас сум оптимист и мислам дека до крајот од 2025 година ќе имаме подобра ситуација во однос на економските показатели, па очекувам мал економски раст до крајот на годината“, изјави Цајтел.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Мерц: Реформите ми се поважни од популарноста, не сакам да бидам миленик на нацијата

Затворен аеродромот во Нирнберг поради вонредна ситуација во авион

Катерина Ѓуровски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат огромна предност пред останатите

Предраг Петровиќ