А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Германски медиуми: По одлуката во Собранието, национализмот во ќорсокак

by А1он22/10/2018 - 15:33211
Share0

Чекор во насока кон ЕУ и НАТО, а против национализмот е оценка на дел од германските медиуми за случувањата во Македонија, откако во Собранието беше поддржано отпочнувањето на процедурата за уставни промени.

Добивај вести на вибер

Германскиот весник „Ханделсблат“ во текстот „Да за промена на името е пораз за нацонализмот на Балканот“ пишува дека поради „да“ за промена на името во Северна Македонија во Парламентот, Христијан Мицкоски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ беше мошне разгневен.

Весникот наведува дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ до последен момент со сите средства се обидела да го спречи обезбедувањето на двотретинското мнозинство за преименување на поранешната југословенска република, како и дека Мицкоски „очигледно не забележал дека со ултранационализмот се изолирал самиот себе си“.

– Тешкиот случај на Македонија покажува: некој пат може да потрае мошне долго додека не созрее сознанието дека нема вистинска алтернатива за Европа. Бидејќи големите сили Русија и Кина немаат реално што многу да им понудат на балканските земји. Русија во Југоисточна Еврпа има пред се стратешки интереси. На неа воопшто не и е грижа за економското напредување на земјите во тој регион. Освен тоа, Русија поради сопственото слабо стопанство нема многу да понуди на економски план, наведува весникот во коментарот.

Се додава дека Кина на регионот гледа само како на транспортна рута за својата стока на Новиот пат на свилата кон Западна Европа, како и дека Пекинг не е сериозно заинтересиран за одржлив развој на сиромашните балкански земји, што им станува се појано на владите од Белград, преку Тирана, до Скопје.

Весникот „Зидојче зајтунг“ пишува дека на политиката и е потребен јасен компас, но понекогаш „иглата се заканува дека ќе побудали“.

– На пример во таа мала земја во јужна Европа, која всушност со задоволство би се приклучила кон Западот, а за да успее во тоа најпрво мора да се лоцира на север. Не е ништо чудно што политиката во Македонија со години се врти во круг, пишува весникот и додава дека судбината на земјата зависи само од неколку букви.

Ако Македонија стане Северна Македонија, додава весникот, патот до членство во НАТО и ЕУ ќе биде отворен.

-Тоа што Александар Македонски повеќе од 2.300 години по поразот на неговото царство повторно се најде во центарот на политички конфликт, покажува колку е бизарен спорот околу името меѓу Македонија и Грција. И покрај тоа, тој три децении го попречуваше развојот на Македонија. Сега е крајно време сите да се погрижат за иднината, пишува „Зидојче цајтунг“.

ustav

Би можело да ве интересира

Венецијанска комисија: Се препорачува измена на Уставот со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител

Горан Наумовски15/10/2025 - 08:00

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски26/09/2024 - 09:2926/09/2024 - 09:39

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

А1он03/05/2024 - 18:1803/05/2024 - 18:36

Мицкоски по координацијата: Да не се одолговлекува седницата за Уставни измени

Александар Тодески01/09/2023 - 14:37

Не е прекршен Деловникот – 10 дена е рок за расправата, не за гласање, велат од СДСМ

Александар Тодески01/09/2023 - 14:1601/09/2023 - 15:06

(ВИДЕО) Ковачевски доби силен аплауз од 70 пратеници: Улиците во Скопје се мирни, граѓаните очекуваат европска одлука

A1on18/08/2023 - 12:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен