Германската амбасадорка Штајнекер врачи вредна донација во струшката детска градинка

Од:

Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија Гудрун Штајнакер, денеска беше во официјална посета на Струга каде што ја врачи германска донација во вредност од 2.900 евра наменета за потребите на детската градинка „8 Март“.

Донацијата се доделува во рамките на Програмата за мали проекти за помош на ранливите категории граѓани, а се состои од креветчиња, душеци и постелнина со кои ќе се поднови струшката градинка.

– Се работи за средства од таканаречени мали проекти на Германската амбасада, проекти кои пред се служат за помош на најсиромашното население и најранливите групи, во случајот, дечињата во градинката. Дониравме комплети постелнини,  душеци, кревети во вредност од две илјади и деветстотини евра. Имаме информации и од родителите дека дечињата се многу среќни за сето ова и дека имаат можности да претстојуваат во малку попристојни услови, изјави амбасадорката Штајнекер.

Како што додаде таа, нејзината последна посета на Струга била реализирана во јуни 2012 година, во рамките на прекуграничниот проект за возење велосипеди околу Охридското Езеро.

-Се надевам дека можеме повторно да го заживееме овој проект, бидејќи привлекува туристи, ги привлекува љубителите на велосипедизмот и мислам дека ова е навистина убаво место за возење велосипед, нагласи амбасадорката.

На новинарско прашање како ја коментира актуелната политичка состојба во Република Македонија со бојкотот од страна на опозициската партија СДСМ, официјалната претставничка на Германија во земјава рече дека ситуацијата е сложена и бара одговорност од сите политичари и  партии.

– Јас како дипломат не морам да кажам што мислам за оваа ситуација. Мислам дека оваа ситуација е сложена и бара голема одговорност на сите политичари и партии. Подготвена е и Германија да се изнајде добро решение за целата земја и за сите граѓани во неа. Тоа е важно, одговорност и решенија кои се добри за сите, рече Штајнекер.

Градоначалникот на Општина Струга Зијадин Села, истакна дека Германија е добар пријател на Струга и стружани.

– Германската амбасадорка е тука поради конкретна инвестиција за градинката која ни помага со донирање на кревети и ред други работи кои се потребни за градинката. Голема благодарност од граѓаните на Струга. Германија е голем пријател на Струга и стружани и во име на граѓаните, оваа соработка уште повеќе ќе продолжи, рече Села.

При денешната средба во Струга, како домаќин, струшкиот градоначалник ја покани амбасадорката на Германија Штајнекер на кружната тура со чамци што ќе се реализира на 21 Јуни кога трите крајезерски града Струга, Охрид и Поградец го одбележуваат Денот на Охридското Езеро.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов