Германска донација за кочанската детска градинкa

Од:

Намалување на листата на деца кои чекаат да бидат примени во градинката и проширување на капацитетите на детската установа е бенефитот од донацијата од Германската амбасада која што чини околу 5.000 евра, а е спроведена преку Фондот на мали проекти на Германската амбасада.

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер денеска беше во посета на кочанската градинка „Павлина Велјанова“ објект „Ѕвездички“ за да се увери во реализираниот проект.

– Поводот за посетата е донацијата од Фондот на малите проекти на Германската амбасада. Со оваа донација успеавме да овозможиме повеќе деца да бидат примени во градинката бидејќи тоа беше проблемот со кој што се соочуваше градинката кога аплицираа одговорните, рече германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер.

Проектот вклучува купување опрема од 50 масички, 50 столчиња и 50 креветчиња со душечиња. Вредноста на овој проект изнесува 4.644 евра.

– Бенефитот од овој проект најмногу го почуствуваа вработените и децата заради тоа што се унапреди воспитно – образовната работа со децата од предучилишна возраст и се збогатија условите за проширување на капацитетите и се намали листата на деца кои чекаа да се вклучат во Програмата за рано учење и развој, истакна Лидија Серафимова, директор на ДГ „Павлина Велјанова“.

На средбата во општина Кочани, градоначалникот Ратко Димитровски и амбасадорката Алтхаузер разговарале и за инвестициската клима во општината, а после градинката посетија и две компании во Кочани што имаат директни стопански врски со Германија.

– Имавме конкретни разговори околу целокупната соработка на Република Македонија поточно Кочани со Германската амбасада. Разговаравме во делот на стопанството односно кои се компаниите во Кочани што имаат можност за соработка со германското стопанство и конкретно да се заблагодариме за донацијата, рече кочанскиот градоначалник.

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип