А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Германија: Политичките сили во двете земји да го поддржат договорот

by А1он18/06/2018 - 15:51178
Share0

Германската Влада го поздравува договорот меѓу Атина и Скопје и апелира политичките сили од двете земји да го поддржат Преспанскиот договор.

Добивај вести на вибер

Според портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт, договорот дава повод за доза оптимизам, но загриженост будат насилствата за време на протестите во Скопје против договорот.

– Задоволни сме од вчерашното потпишување на договорот. Го поздравуваме и тоа дава доза на оптимизам. Истовремено, има причина за загриженост поради информациите за насилство на протестите во Скопје против договорот и германската Влада ги повикува на смиреност и внимателност сите вклучени, изјави Зајберт.

За германската Влада, овој договор е важен чекор напред за двете земји.

– Договорот може да ги тргне пречките за прекугранична соработка, раст на трговијата и инфраструктурата, и да придонесе за регионалната стабилност. Убедени сме дека, ако некои кусогледо инсистираат на националистички позиции, тие му штетат на договорот и на многу луѓе во регионот што сакаат стабилност и економски просперитет. Премиерите на двете држави, го направија можен овој важен компромис, што може да стави крај на проблемот кој траеше со децении. Германската Влада ги повикува сите партии и политички сили во двете земји да го поддржат овој договор, изјави Зајберт, пренесува АНА-МПА.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен