Герила акција на плоштад за коронавирусот – „Држете растојание“

Од:

Акцијата ‘Држете растојание‘ има за цел на најдиректен и визуелно експлицитен начин да ги потсети граѓаните да држат растојание, да избегнуваат гужви, да го намалат ракувањето и ги минимизираат своите контаки и на тој начин да се заштитат себеси и другите од невољата која не снајде сите со пандемијата на вирусот Ковид 19, велат од „Урбана уметничка герила“, група составена од повеќе уметници кои денеска на плоштадот во Скопје поставија макети од раце, со раздалеченост од еден метар и информативни табли за коронавирусот.

„Преку акцијата сакаме да ги потсетиме граѓаните да ги почитуваат препораките и да се придржуваат до упатствата кои ги издаваат надлежните државни органи. Сметаме дека во оваа ситуација превенцијата е најбитна и затоа преку јазикот на уметноста се обудуваме да ги комуницираме пораките за превенција од ширење на опасниот вирус. Како уметници и активисти не можеме да останеме неми во вакви ситуации и сметаме дека во овие тешки денови секој треба да го прави она што најдобро го знае вклучувајќи ги тука и уметниците и активистите кои преку своите дела можат да влијаат и да го информираат населението за мерките кои треба да се преземаат за самозаштита. Оваа акција ја посветуваме и подаруваме на медицинските лица и здравствените работници кои деноноќно се борат да го зачуваат јавното здравје“, велат уметниците.

Тие велат дека при изработката на оваа акција не постоело никаков директен контакт помеѓу членовите на групата туку работеле во фази и секвенцијално.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Пак пропадна камион во фонтаната на плоштад „Македонија“

Ландов