Герговска до сведокот Коцевски на 27 април: Лицата за интервентни ситуации да бидат на готовс

Од:

Судењето за „Крвавиот четврток“ продолжува со репродуцирање на СМС и Фејсбук пораки од одземениот и вештачен телефон на сведокот Сашко Коцевски, вработен во Собранието, воедно и сведок во процесот за случувањата од 27 април минатата година.

Во еден од разговорите кои ги презентираше обвинителката Ивана Трајчева, помеѓу Весна Герговска и Коцевски, Герговска на 27 април во 14 часот и 10 минути му пишува порака „Ве молам, лицата за интервентни ситуации и сите други што можете, известете ги, да бидат на готовс во секој момент, ќе дадеме насоки, ве молам за сериозност“.

Претходно, истиот ден во 13 часот и 14 минути Герговска го известува сведокот членовите да се соберат пред Музејот на ВМРО во 16:40. Оваа порака за собирање на членството во 16:40 пред Музејот на ВМРО, Герговска речиси секој ден му ја испраќа на Сашко Коцевски, уште од 13 март 2017 година, при што повикува за се поголема излезеност и повик на членството од месните комитети и администрацијата.

Од пораките може да се забележи дека секојдневно било повикувано членството на ВМРО-ДПМНЕ масовно да излезе на протестите „За заедничка Македонија“, иако во тој период организаторите на протестите велеа дека тие не се партиски и дека немаат врска со ВМРО-ДПМНЕ, туку дека се работи за изреволтирани граѓани од Тиранската платформа.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава