Герасимовски: Уништувањето на детските игралишта e тажно и срамно

Од:

Во текот на изминатиот период службите на Општина Центар бележат оштетени и искршени реквизити, заштитни огради на повеќе детски игралишта, откорнати подлоги и собрани зелени подлоги на фудбалски игралишта, детски игралишта испрскани со спреј кои ја нагрдуваат сликата во околината и ја спречуваат или прекинуваат детската игра.

Пред извесен период непознати сторители родители до општината пријавија дека на детското игралиште Славка Недиќ во Дебар Маало кај Дрвен има истурено уље. Ова детско игралиште беше целосно реконструирано пред неколку месеци и истото беше полно со деца од околните згради. Пред пет месеци целосно беше реконструирано спортско игралиште пред Кам Маркет со поставена нова вештачка трева на површина од 156м2, нова заштитна ограда и детски голови, а денеска има откорната подлога.

„Тажна е сликата да ги гледате детските игралишта во ваква состојба. Неколкупати досега апелирав на внимание и зачувување на детските реквизити и урбаната опрема. Некои од реконструираните игралишта не издржаа здрави ниту една недела. Тажно и срамно е ова што се прави. Детските игралишта и урбаната опрема се јавно добро за нашите најмили. Со нивно уништување покрај тоа што се ускратува правото на игра на децата се доведуваат и во опасност. За кршење и уништување на реквизитите на детските и спортски игралишта секако следуваат парични казни. Бараме поддршка од граѓаните како општина, сите кои ќе затекнат вандализирање и уништување на урбаната опрема случајот да го пријават во општината.“, вели Герасимовски.

Општина Центар ги известува граѓаните дека уништувањето на урбаната опрема претставува прекршочно дело за што следуваат високи парични казни. Согласно Законот за јавна чистота, поради обезбедување на јавна чистота на јавни површини по член 114 – а забрането е уништување на урбана опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта). За уништување на урбана опрема општинската комунална инспекција изрекува прекршочни глоби во висина од 150 евра во денарска противредност за физички лица или од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за правни лица и 300 евра за одговорното лице.

Со цел да ги зачуваме детски игралишта и го заштитиме јавното добро Општина Центар ги повикува и месните и урбаните заедници да се вклучат во подигањето на свеста за зачувување на урбаната опрема, како и да се вклучат во конкретни активности кои ќе придонесат за подобрување на актуелната состојба.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Во Универзалната сала немало никој за време на пожарот, апелирам да не се шират шпекулации

Александар Тодески

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката