Герасимовски: Трикратно зголемени градежните инспекциски контроли

Од:

Градежните инспекторски служби и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска во обиколка на градилиштата во општината. Во изминатиот период Општина Центар спроведува зачестени инспекторски контроли, а според извештајот на градежниот инспекторат за изминатиот месец и половина изречени се 37 записници за инспекторски надзори, 10 решенија за отстранување, 10 заклучоци за дозвола за извршување како и 1 присилно административно извршување на донесено решение за отстранување.

„Уште во предизборниот период ветив засилени инспекторски контроли со цел брза реакција за нелегалните и небезбедни градежни активности на градилиштата. Мојата цел е хуманото градење со почитување на законските прописи вклучувајќи ја и безбедноста на граѓаните. Токму затоа денеска излегов заедно со градежните инспектори и видам како се одвиваат градежните зафати на градилиштата. Општина Центар ќе продолжи со засилени контроли затоа апелирам до сите инвеститори да ги почитуваат законските процедури при изведување градежни работи во градилиштата но и надвор од нив“ рече Герасимовски.

Покрај инспекциските контроли на градежните инспектори, на градилиштата контрола спроведе и комуналната инспекција. Согласно Законот за јавна чистота, со кои се информираат изведувачите на градежни објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена, да не се пали и уништува смет, да не се палат огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади, заради контрола на прашината.

По однос на овие одредби, комуналните инспектори спроведоа контрола на јавни површини на целата територија на Општината, по што контролирани се околу 20 градилишта, утврдени се неколку неправилности и санкционирани се превозници со валкани тркала.

Општина Центар изврши и повеќе вонредни надзори по пријави од граѓани, при што се изречени 3 глоби на правни лица и одговорни лица во правните, во вредност од по 1.300 евра за оставање градежен шут на јавни површини и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Во Универзалната сала немало никој за време на пожарот, апелирам да не се шират шпекулации

Александар Тодески

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката