Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен „татко“ на општината, Горан Герасимовски, порача дека во следниот мандат продолжува со интензивни вложувања во нови и модерни детски и спортски игралишта, со цел да се поттикне физичката активност, социјализацијата и спортскиот дух на сите генерации во Центар.

„Ги обновивме сите детски и спортски игралишта во Општина Центар. Сега, децата, младите, но и возрасните имаат свој простор каде што можат да се рекреираат, дружат и социјализираат. Во новиот мандат продолжуваме со поставување на нови игралишта и урбана опрема, со што ќе ги поттикнеме центарци на повеќе физичка активност и негување на спортскиот дух“, изјави Герасимовски.

Тој нагласи дека при уредувањето на новите игралишта посебен акцент се става на инклузивноста и пристапноста.

„При уредувањето на новите детски игралишта, особено ќе внимаваме тие да бидат инклузивни и пристапни за сите деца, затоа што секое дете заслужува простор за игра и среќа“, вели Герасимовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

Герасимовски: Утре јавна презентација на Нацрт ДУП за Барутана, граѓаните да се вклучат со свои предлози

Горан Наумовски

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан “бетон” Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која тој лично ја спроведува

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете