Герасимовски: Раниот социо-емоционален развој значи среќни и успешни ученици

Од:

Социо-емоционалниот развој во предучилишната возраст е клучен за понатамошниот развој на децата, во нивните гледишта, успеси, креативност и амбиции. Препознавајќи ја важноста од раното учење, Општина Центар преку Министерството за труд и социјална политика ја спроведува „Програмата за социјална кохезија и културен дијалог“ во сите детските градинки во општината.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска учествуваа во денешната активност „Социо-емоционално учење-клуч за правилен раст и развој за деца од предучилишна возраст“ и заедно со дечињата вежбаа и садеа цвеќиња.

„Утрово преку дружба со децата го разбудив детето во себе, нивната среќа е доволна причина да се грижам за нив и нивната иднина. Токму затоа во сите градинки во Општина Центар спроведуваме проекти за социјалното созревање. Програмите се наменети за деца од 2 годишна возраст и истите им помагаат на децата да се развијат во здрави социјално-емоционални личности и индивидуи. Затоа е важно континуирано да се работи на зајакнување на воспитниот кадар во градинките и подигнување на квалитетот на предучилишното образование во целост. Менторската поддршка од страна на воспитувачите кон останатиот воспитен кадар има големо значење во целиот процес. Тоа им помага на останатите воспитувачи и негуватели во совладувањето на социо-емоционални стратегии со цел да ги задоволат специфичните развојни потреби на малите деца. Токму затоа е и оваа програма која треба да го зголеми пристапот и подобри квалитетот на предучилишното образование во земјава “, изјави Герасимовски.

Програмата за социјална кохезија која се спроведува во градинките е поддржана во соработка со УНИЦЕФ и Амбасадата на Обединетото Кралство кои овозможија поддршка за воспитувачите во предучилишните установи и социо-емоционалното учење.

Социо-емоционалните проекти се особено значајни за децата затоа што вклучуваат игри за рефлексии, социјални активности каде децата ги изразуваат чувствата, учат да ги поздравуваат повозрасните но и когнитивните кои го поттикнуваат размислувањето. Оваа активност Општина Центар и Министерството за труд и социјална политика ја спроведуваат како дел од кампањата „Гласна и храбра“ со цел зајакнување на менталното здравје кај децата. Ваквото интерактивно прикажување преку игра со децата е во насока на поттикнување на социјално емоционалните компетиции и раниот детски развој во насока да им се помогне на децата да станат зрели и успешни личности.

Во рамки на посетата, градоначалникот Герасимовски ја посети и сензорната соба која е во склоп на матичниот објект на градинката „Кочо Рацин“ во Капиштец.

Би можело да ве интересира

Малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа, ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Повторно малолетнички вандализам во Капиштец, кршење и тепачки

Горан Наумовски

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Во Универзалната сала немало никој за време на пожарот, апелирам да не се шират шпекулации

Александар Тодески