Герасимовски: Поднесовме ново барање до МВР за асистенција при уривање на дивоградба на Пластичарска

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во вчерашното интервју за 360 степени изјави дека Општина Центар минатата недела повторно поднела барање за асистенција од Министерството за внатрешни работи за уривање на дивоградбата на улицата „Никола Карев“, (ул. „Пластичарска“), откако министерството не му излезе во пресрет првиот пат.

„Беше и договорена акција за отстранување на објектот, но поради многубројните пријави, така ни стигна допис од страна на Министерството за внатрешни работи, во делот на бомби во училиштата и недоволен број на полициски службеници истата беше стопирана. Повторно од моја страна, по извесен период, пред неколку дена е доставено повторно барање за асистенција од страна на МВР за да заедно да излеземе од терен и почнеме со отстранување на тие диви објекти“, изјави Герасимовски.

Од МВР за 360 степени кратко одговараат дека во СВР Скопје има доставено барање и по однос на истото овој пат ќе дадат асистенција.

Отстранувањето на градбите е процедура која е доста скапа, а во случаи кога инвеститорот е непознат, како за објектот на улицата „Пластичарска“, трошокот паѓа на товар на општината.

Герасимовски е дециден дека на „Пластичарска“ ќе биде отстранет објектот. Тој додава дека во програмата за работа на општината, во делот за рушење има резервирано средства во висина од околу 9 милиони денари. Со оглед на големите трошоци кои ќе се направат со отстранувањето на овие две дивоградби, се планира ребаланс на општинскиот буџет час поскоро, во текот на следниот месец, каде што ќе се дополнат средствата за административно отстранување на објекти за да може да се постапува понатаму и за отстранување и на овие градби.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Герасимовски најави дом за стари лица, зголемување на еднократна парична помош од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите

Герасимовски: Ги повикувам сите центарци во недела да гласаат за Центар што го сакаме

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Богдановиќ удри по Герасимовски: Ги пушти низ вода сите што гласаа за него во првиот круг