Герасимовски: Нема да дозволам тужби од 50 милиони евра, решение за Треска мора ќе се најде согласно законот

Од:

Нема да дозволам Општина Центар да се доведе во ризик да треба да исплаќа отштета од 50 милиони евра, вели градоначалникот Горан Герасимовски во интервју за Локално. Сопствениците на приватните имоти на територијата на поранешната фабрика „Треска“, најавија дека ќе ја тужат општината, бидејќи три години не им е дозволено да градат.

„Секако дека тужби се можни и формално-правно сопствениците имаат основа за тоа, но верувам дека до тоа нема да дојде. Општината во ниеден случај не може да се соочи со таков ризик, ние веќе имаме минати искуства каде општината плаќала огромни суми пари за слични спорови. Јас како градоначалник сметам дека е целосно неоправдано да се дозволи ваков исход. Општината мора да ги почитува законски прописи и да работи во најдобар интерес на граѓаните и јас тоа го правам. За мене е навистина неразбирливо, зошто со години овој проблем не бил решен. Лично сметам и кажував пред изборите, дека мораториумот не беше соодветна алатка и начин да се решаваат урбанистичките проблеми во Центар, особено не мораториум кој остана на сила повеќе години“,вели Герасимовски во интервјуто и додава дека, „Шанса за Центар“ преку Јана Белчева можела да најде решение со учество во решавање на овој проблем, со што сè ова денес би се избегнало, но таа додека претседавала со Советот тоа не го направила.

Градоначалникот на Општината најавува дека ќе го свика Партиципативното тело, за на заедничка маса да се решат сите отворени прашања, но и дека ќе се залага законско решение да има час поскоро.

„Апсолутно, Општината од почетокот отворено настапува со сите засегнати страни и ние веќе ваков состанок имавме. На тој состанок беа изложени сите факти во однос на целиот случај и постапките кои се водат. Наскоро ќе свикаме нова средба на која повторно ќе разговараме, но јасно кажувам дека решение набрзо мора да има и тоа да значи конечно надминување на овие отворени прашања. Урбанизација на „Треска“ е нужна покрај другото затоа што таму во моментот е најголемата депонија во центарот на градот. Не е во ничиј интерес тоа да остане така“, изјави Герасимовски за Локално.

 

 

 

*PR текст

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Герасимовски најави дом за стари лица, зголемување на еднократна парична помош од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите

Герасимовски: Ги повикувам сите центарци во недела да гласаат за Центар што го сакаме

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Богдановиќ удри по Герасимовски: Ги пушти низ вода сите што гласаа за него во првиот круг