Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Од:

Општина Центар го заврши новогодишното украсување. Годинава општината е украсена на повеќе локации каде се поставија новогодишни елки, светлосни фигури, украсни лед сијалици и други новогодишни украси.

Украсувањето започна од улицата „Орце Николов“ па продолжи кон улиците Боемска 1 и 2 кадена неколку локации е поставена мрежа со сијалички, светлосни фигури на бандери, ѕвездено небо и 9 метарска новогодишна елка. Украсен е и Скверот пред општината каде има поставено мрежа со сијалички на сите дрва, светлосни фигури, забавен парк и дрвени куќички. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека граѓаните заслужуваат да уживаат во предновогодишната атмосфера.

„Општина Центар е единствена украсена општина во Градот Скопје. Мислам дека после поскапувањата и штедењата, после економската криза граѓаните имаат потреба да излезат и да прошетаат по украсени улици и ја почувствуваат предновогодишната еуфорија и позитивен дух.

Сите ние имаме потреба од тоа и затоа годинава украсивме на неколку локации со цел да ги развеселиме граѓаните. Затоа ги поканувам сите да дојдат во Општина Центар и уживаат во новогодишната бајка“, вели Герасимовски.

Новогодишни украси исто така се поставени на скверот и паркот во населбата Капиштец.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар