Герасимовски: Градинката Корчагин добива нова фасада, реконструкција на кровот и внатрешноста на објектот

Од:

Објектот Пинокио, клон на детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ добива санација на фасада, комплетна реконструкција на кровот. Надворешните тераси и внатрешноста на целиот објект. Во внатрешниот дел на објектот се работи во занималните и ходниците каде што се изведува реконструирање на дел од ентериерот, замена на внатрешната столарија и целосна замена на електричната инсталација и реконструкција на дел од водоводната и канализациона мрежа.

„Квалитетната и сеопфатна детска заштита подразбира континуирано подобрување на условите во градинките и грижа за најмладите. Затоа периодов работиме на обновување на фасадната и кровната конструкција и во објектот Пинокио со цел да придонесеме за уште подобри услови за престој на децата особено во зимските и дождливите периоди. Паралелно инвестициите во внатрешноста на градинката и просториите ќе допринесат до поквалитетен воспитно образовен процес и зголемен конфор за децата“, порача Герасимовски.

Се работи интензивно со цел да се овозможат подобри услови за престој на децата во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, а летниот период е поволен за извршување на градежните зафати, кои според предвидената динамика се планира да бидат завршени до крајот на август. Општина Центар и понатаму ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните со цел да се задоволат потребните услови за згрижување на децата во градинките според најсовремените стандарди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

Герасимовски: Утре јавна презентација на Нацрт ДУП за Барутана, граѓаните да се вклучат со свои предлози

Горан Наумовски

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан “бетон” Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која тој лично ја спроведува

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар