Герасимовски: Ги исполнивме сите проекти кои ги побараа пензионерите

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во посета на пензионерите од пензионерски клуб „Невена Георгиева Дуња“ близу Заводот за вработување во Капиштец. Оттаму ги потсети повозрасните жители на општината да не забораваат да аплицираат за бесплатните стоматолошки услуги, како и проектите „Нега на стари лица во домашни услови“ каде пензионерите добиваат домашна нега од физиотерапевти, негуватели, социолози и психолози два дена во неделата и проектот „Сервис за одмена на семејна грижа“ наменет за лицата со Алцхајмер и деменција информираат од Општина Центар.

„Она што како општина го ветувавме и во предизборието се реализира. 90 домаќинства се посетуваат од страна на наши обучени тимови, физиотерапевти, социјални работници коишто им помагаат на нашите повозрасни сожители. Започна и проектот во кој наши тимови на луѓе ги посетуваат повозрасните лица од центар којшто се соочуваат со Алцхајмерова болест и деменција и им помагаат на семејствата“, рече Герасимовски пред пензионерите.

– Општина Центар на барање на пензионерите отвори и три нови пензионерски клубови во населба Крњево и близу Универзалната сала. Дополнително во време на криза општината издвои 330.000 финансиска поддршка на повозрасните жители во социјален ризик. Општина Центар продолжува да вложува во проекти кои ги олеснуваат пензионерските денови и длабоката старост, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Герасимовски најави дом за стари лица, зголемување на еднократна парична помош од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите

Герасимовски: Ги повикувам сите центарци во недела да гласаат за Центар што го сакаме

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Богдановиќ удри по Герасимовски: Ги пушти низ вода сите што гласаа за него во првиот круг

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти