Герасимовски: Бесплатни стоматолошки услуги за сите пензионери, учениците и децата во градинките во социјален ризик

Од:

Општина Центар во соработка со Стоматолошкиот факултет – Скопје ги проширува проектите на бесплатни стоматолошки прегледи со кои покрај учениците, ќе може да ги користат и децата од градинките кои исто така се во социјален ризик и сите пензионери во Општина Центар. По тој повод градоначалникот на Општина Центар вчера одржа средба со Проф. Др. Ќиро Ивановски, декан на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје Стоматолошки Факултет – Скопје, проф. Д-р Сања Панчевска – Продеканот за настава, проф. Д-р Елизабета Ѓоргиевска – Раководителот на катедрата за детска и превентивна стоматологија и секретарот Влатко Коколански со кои ги прецизираа деталите за проектот „Дејствувај за подобро орално здравје“.

„Општина Центар се грижи за сите граѓани подеднакво затоа преку овој проект сакаме да им помогнеме на семејствата од социјален ризик обезбедувајќи бесплатни стоматолошки услуги за нивните деца. Одржувањето на оралното здравје е од суштинско значење за да се задржи правилното функционирање на организмот и севкупното здравје и квалитет на животот воопшто. Затоа покрај поправката на запчињата децата на Стоматолошкиот факултет ќе добијат и совети за здрави навики и здрава исхрана како и едукативни предавања за правилно четкање на забите. Воедно преку овој проект важно е што дечињата од најмала возраст се соочуваат и го победуваат стравот од одење на забар. Во соработка со Здружението за пензионери, бесплатни стоматолошки услуги добиваат и сите пензионери во Општина Центар“, изјави Герасимовски.

Бесплатните стоматолошки услуги ќе може да ги користат деца во градинките и основните училишта чии родители имаат законски одредена минимална плата, се корисници на социјална помош, се самохрани родители со законски одредена минимална плата, глувонеми родители со законски одредена минимална плата или пензија, слепи родители со законски одредена минимална плата или пензија.

Додека заинтересираните пензионери од денеска можат да закажат бесплатен стоматолошки преглед на следниот телефонски број: 071/223-320, секој работен ден во период од 8:00 до 14:00 часот. Стоматолошките прегледи ќе се спроведат од 20.2.2023 до 24.2.2023 година во претходно закажаниот термин. На овие стоматолошни прегледи пензионерите ќе добијат дополнителен датум следствено проблематиката на услугата и потребната стоматолошка интервенција.

Целта на овој проект е подигнување на свеста и поттикнување на семејствата и заедницата за превземање мерки за намалување на штетните последици кои ги предизвикуваат оралните болести. Преку овие бесплатни стоматолошки услуги особено децата ќе научат како правилно се четкаат забите, како се одржува оралната хигиена и колку е важно оралното здравје почнувајќи од најраната возраст.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Герасимовски најави дом за стари лица, зголемување на еднократна парична помош од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите

Герасимовски: Ги повикувам сите центарци во недела да гласаат за Центар што го сакаме

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Богдановиќ удри по Герасимовски: Ги пушти низ вода сите што гласаа за него во првиот круг