Герасимовски: Бесплатен оброк за сите ученици, родителите ќе заштедат 2.500 денари месечно

Од:

Од наредната година, септември 2026, обезбедуваме бесплатен оброк за сите ученици во целодневна настава, со што, родителите се ослободуваат од финансиски трошоци за храната на своите деца во училиштата. Покрај тоа, на сите ученици од петто до деветто одделение им следува бесплатна неколкудневна екскурзија низ Македонија. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Центар и воедно актуелен татко на општината Горан Герасимовски пред основното општинско училиште „Коле Неделковски“.

Герасимовски, информираше дека проектот „Ја сакаме Македонија“ има за цел децата од најмала возраст да ги видат и запознаат убавините на татковината, да ја почувствуваат топлината на македонските градови и села, а со тоа да се зајакне и чувството на припадност и љубов кон државата. Како што се сака Центар, така да се сака и државата.

Тој, најави и дека од следната година, се започнува со бесплатни дополнителни часови за сите ученици, заедно со пензионираните наставници и професори во општината.

„Ова е еден одличен проект којшто стартува од следната година. Децата покрај тоа што ќе учат за природните убавини на Македонија, тие исто така и ќе другаруваат меѓусебе. Би сакал да истакнам дека вложувањето во развојот на учениците е нашиот фокус, и токму затоа, за 50% се зголемуваат и стипендиите за талентирани ученици. Центар е општината која најмногу вложува во образованието. Сите 8 училишта се целосно реновирани, со најдобри услови за настава и педагошки процес. Ние сме тука за да ги мотивираме и да им овозможиме подобра настава и посреќно детство“, потенцираше Герасимовски.

Тој потсети, дека по 66 години, општината направи нова доградба на ООУ „Коле Неделковски“ со што ова центарско училиште доби нови четири пространи и осветлени училници, два кабинети, една библиотека, лифт, тоалет и пристапна рампа за полесен пристап за влез за учениците со посебни потреби.

Герасимовски, додаде и дека од годинава, за првпат сите ученици од основните општински училишта на територија на Центар добија бесплатни училишни униформи за поголема еднаквост, дисциплина и чувство на припадност. Како што самиот нагласи, оваа мерка продолжува и следната година, вклучително и мерката за бесплатни ранци и училишен прибор на сите првачиња.

Би можело да ве интересира

Ливриниќ: Жителите на Скопје Север со право се разочарани, со години наназад слушаат ветувања, а состојбата е непроменета

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и човечност се два различни поими

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски

(ВИДЕО) Мојсова Мијовска: Нема да бидам заложник на големите бизнис интереси и центри во општината, градот или земјата, особено не на штета на граѓаните на Карпош

Герасимовски: Реализиравме над 90 отсто од програмата, одиме на победа

Горан Наумовски