Герасимовски: Ацо Шопов ги прошири границите на македонската литература

Од:

Општина Центар заедно со Францускиот институт во Скопје организираа омаж во чест на 100 годишнината од раѓањето на литературниот великан Ацо Шопов. На свеченоста која се одржа во Музејот на македонската борба за независност присуствуваа бројни гости меѓу кои Амбасадорот на Република Франција г-дин Сирил Бомгартнер, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, г-дин Филип Тосевски-Државен секретар во Министерството за надворешни работи, г-дин Иго Бештел – Директор на Францускиот институт, г-ѓа Светлана Шопова сопруга на поетот, и други.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во своето излагање потенцираше дека преку овој настан општината сака да ја акцентира вредноста на поезијата на Шопов кон македонската литература.

„Кратко е времето за да ги опфатме сите вредности кои го сочинуваат животот и делото на Шопов: неговото учество во НОБ, продукцијата на првата повоена книга на македонски јазик, воспоставувањето на фестивалот Струшки вечери на поезијата, но и неговите дипломатски и литературни ангажмани. Од ова одбележување очекуваме да го доближиме опусот на Шопов до најмладите поетски таленти, кои денес се тука со нас и со тоа, да го дадеме нашиот придонес кон продолжувањето на развојот на македонската поезија“, рече Герасимовски пред присутните.

Црпејќи инспирација од македонското народно творештво и водејќи се од Рацин, генијалноста на Шопов, лежи во успехот да создава постојано модерна поезија со траен современ сензибилитет. И денешната заедничка организација на церемонијата се должи токму на врската од збогатувањето на нашата литература со преводите на литературни дела од други јазици.

„Со оваа формула Шопов ги прошири границите на македонската литература сместувајќи ја како трајна вредност во книжевностите на европските земји, како што е француската литература. Затоа наша заедничка обврска е зачувување на неговата оставнина, со ветување за наше понатамошно создавање на идни настани и манифестации во чест на Ацо Шопов“ заврши Герасимовски.

На свеченоста посветена на великанот Шопов свои обраќања покрај градоначалникот Герасимовски, амбасадорот на Р. Франција, директорот на Францускиот институт и еминентни професори од Институтот за македонски јазик и Филолошкиот факултет.

Со поетско рецитирање манифестацијата ја збогатија студенти од Филолошкиот факултет, додека со спектакуларна изведба на пијано настанот го затвори 12-годишната Петра Митровиќ. Митровиќ е стипендист на Општина Центар-Скопје од областа на културата која има освоено единаесет први места на светски натпревари и одржано солистички концерти во катедралата Нотр Дам во Париз и Карнеги Хол во Њу Јорк.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Во Универзалната сала немало никој за време на пожарот, апелирам да не се шират шпекулации

Александар Тодески

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката