Георгиевски: Змејковски да објасни како Слободан Богоевски му е најблизок политички соработник

Од:

Љубчо Георгиевски одговара на, како што вели писмо од таканаречени основачи на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од потписниците на писмото за основач го признавам само Борис Змејковски и навистина сум изненаден од дрскоста на останатите самоповикани основачи. Да се повикаш дека си основач на ВМРО-ДПМНЕ не значи дека треба да бидеш само член од 1990 година, зошто постојат најмалку 15.000 такви луѓе кој слободно можат да се наречат основачи, пишува Георгиевски.

Околу разговорите на ВМРО-Народна партија со СДСМ го прашува Змејковски дали заборавил дека 2001 година стапи во коалиција со Бранко Црвенковски и ја рушеше владата во која Министер за финансии беше сегашниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ,Никола Груевски?

„По прашањето за бизнис интересите, добро е Борис Змејковски на јавноста да и соопшти колку капитал тој има во Република Македонија и на кој начин го има стекнато? А јавно го потсетувам господниот Мане Јаковлевски дека парите за приватизација на Олимписко село му беа дадени од ВМРО-ДПМНЕ. Го повикувам самонаречениот голем вмровец и патриот Мане Јаковлевски тој капитал да го врати во ВМРО-ДПМНЕ. Околу личните односи, Мане Јаковлевски нека му објасни на Борис Змејковски зошто беше главен лобист за негова промена од функцијата Генерален Секретар на ВМРО ДПМНЕ“, стои во одговорот на Георгиевски.

Околу идеологијата, Георгиевски бара Змејковски да објасни како тоа Слободан Богоевски повеќе од 20 години му е најблизок политички соработник, а исто така вели, Змејковски може да ја објасни неговата улога во последниот ден од животот на Динката.

„И за крај, во архивот на Република Македонија постојат досиеа за извесен Борис Змејковски и извесен Мане Јаковлевски. Многу голем патриотски чин ќе биде ако со новиот закон за лустрација овие досиеја станат достапни на увид на целата Македонска јавност за да се увери кои се тие личности“, вели претседателот на ВМРО-НП.

Георгиевски ги повика медиумите што го објавија писмото на таканаречените основачи, да постапат согласно Законот за медиуми и да го објават и одговорот. Ова потсетување е поради , како што вели , во тоталитарниот систем на Македонија стана вообичаена пракса да се дава ставот на провладините структури без никакво право на одговор.

 

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

Орце Костов

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

Орце Костов

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска