Георгиевски: Од третиот блок ќе зависи победникот на следните избори

Од:

Нашата соработка ќе значи последен мандат за Никола Груевски.Со оваа порака третиот блок политички партии кој го сочинуваат Вмро НП, ЛДП, Обединети за Македонија и Достоинство ја започнаа промоцијата од Охрид.

„После само два месеци се претворивме во сила на која чека Македонија. Сила која има намера на наредните локални и парламентарни избори да определува кој ќе биде победникот на новите избори во нашата држава.

После 20 години, после многу разговори, очекувања и надежи дожиевеавме уште еден дебакл на нашиот пат кон Европа и Нато. После два дена после Нато самитот Црна Гора го доби датумот за преговори со ЕУ, Србија ќе го добие во јуни, и со кој останува Македонија.  Останува со Босна и Косово, единствени во Европа кој се без Нато и ЕУ.

Македонија во овој момент се празни, Македонија е пред демографски дебакл. 2012 година ќе ја запаметиме по тоа што во Република Македонија ќе се родат подеднаков број на муслимани и христијани.

Тоа не го велам за да алармирам некаков радикализам, тоа ни е аларм да се свестиме“, рече Љубчо Георгиевски на трибината во Охрид.

„Сакам да порачам дека токму тој кој што денес не е овде со нас тој всушност не спои како опозициони сили, тој денес што седи во владата како премиер на Македонија. Тој со неговата погубна политика не натера да почнеме да соработуваме.

Сакам да зборувам за двете Македонија. Едната нивна, едната негова на Груевски каде во рекламите гледаме дека одлично се живее и дека народот е богат, но за жал има една реална Македонија, а тоа е Македонија која секојдневно е исправена со сериозни проблеми. Затоа отворено треба да се порача од овде дека не се плашиме, дека сакаме да се спротиставиме.Погледнете ги двата брода што ги поставија на Вардар.

Но на нив ќе им најдеме права намена. После изборите во едно бродче Грувески, во другото бродче експертот Ставревски“, рече Андреј Жерновски, претседател на ЛДП.

Ако минатата година и оваа направија се да не уништат како партии, можеме да претпоставиме што ќе не очекува од денес па натаму бидејки знаат дека нашата коалциија ќе стави крај на владеењето на оваа ненародна и расипнички корумпирана власт.

Алеплирам до најискусниот лидер во нашата коалиција. Господине Георгиевски вие го создадовте креаторот на овој модерен, недемокртаски, суров режим. Вие имате должност со наша помош заедно да го победиме“, рече Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

Орце Костов

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

Орце Костов

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

Орце Костов

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

Орце Костов

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска