Георгиевски: Не собра и обедини ненародниот режим на Груевски

Од:

„Овде не собра и не обедини ненародниот режим на Груевски“, рече пред битолчани, лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски.

Денес, рече има комплетен информативен мрак, националните канали се пропагандистичка машинерија на власта.

Канал 5, Сител и МТВ, рече Георгиевски, не третираат како политички дисиденти.

„Наша основна цел е борба за демократија.Македонскиот граѓанин на наредните избори треба референдумски да се изјасни дали сака тоталитарна или демократска држава. Нас не обединува и економската катастрофа на Македонија. Се што направија со проектот Скопје 2014-та е со кредити и задолжувања. Владата го поништи пописот , зошто ќе се покажеше демографската катастрофална реалност, која е резултат на ова владеење“, рече Георгиевски.

Крајно време е ,рече да направиме нешто и да ја смениме оваа црна слика во која живееме.

„Ние сме спремни битката за Македонија уште еднаш да ја добиеме. Локалните избори ќе бидат реферндум и знак дали треба и предвремени избори“, рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство