„Груевски од егоистички причини, сега како премиер живее во сопствен стан, а не во вилата на Водно, каде од аспект на безбедноста за една таква функција, треба да живее. Тогаш зошто актуелните мерки за безбедност ги занемарува заради популизам, а од друга страна, остро и храбро бара во иднина сите поранешни премиери да имаат цел тим обезбедувач“, вели Љубчо Георгиевски, за телевизијата „Телма“.
Законското решение од власта, вели тој, за поранешен премиер да има по шестмина обезбедувачи е егоистично, а не системско решение.
„Наместо тоа, потребно е да се постигне џентлменски договор, односно актуелниот премиер да се грижи за животот, за безбедноста, за здравјето на поранешниот премиер, кој најчесто е главен опозициски лидер. Така се прави во земјите каде владее демократија, но во Македонија веројатно ќе треба за тоа да се напише закон“, додаде вели Георгиевски.