Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, вели дека е голем срам за Косово што не покани македонска делегација на одбележувањето на 20-годишнината на влегувањето на НАТО во Косово.
„На прославата по повод дваесет години од влегувањето на НАТО во Косово како што забележав немаше покането делегација од Македонија.
Тоа е голем срам и за Косово но и за меѓународната заедница. Да се игнорира Македонија во нејзината улога на комплетната логистичка поддршка на НАТО интервенцијата, бегалската криза и последиците што ги имаше за нашата земја. Па дури и самиот крај: согласноста само преку Македонија да се влезе со копнена офанзива.
А потоа ни вратија со воена агресија“, напиша Љубчо Георгиевски на својот фејсбук профил.