Георгиевски: Доста глумите храбри боксери со празни вреќи, ајде на ДУЕЛ

Од:

Љубчо Георгиевски за обвинувањата за средбата и можната коалиција со Бранко Црвенковски одговори дека воопшто немал претстава дека токму на денот кога ќе се сретне со лидерот на СДСМ, Црна Гора ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ.

„Наместо Груевски да се запраша зошто Црна Гора не претрка на патот кон ЕУ, тој најде прекрасна тема за зборување тој ден. Два дена пред тоа Груевски имаше интервју за Х/0 кај Роберт Поповски, но сето она со кое се фалеше во интервјуто, 90% е резултат на Љубчо Георгиевски, рече лидерот на ВМРО-НП.

Жали што тој ден видел двајца многу силни мажи, но силни кога сами зборуваат пред микрофоните, што треба да покаже колку се паметни и мудри. Демократијата измисли инструмент за тоа-Дуел, вели Георгиевски. Жали што во овие 6 години екипата на ВМРО-ДПМНЕ одлучила да бега од ТВ дуели.

„Доста глумите храбри боксери, каде спаринг партнер ви е празна вреќа. Излезете конечно на ТВ дуел. Ако нема Никола Груевски храброст, може и Ставревски да излезе, па и со Влатко Ѓорчев ќе разговарам, значи било кој член на Извршниот комитет“, им порача Георгиевски на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска