„Ако не беше моронската политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ кон Бугарија, воопшто немаше ни да има потреба за таков договор“, порача преку својот Фејсбук профил, лидерот на ВМРО-Народна партија и поранешен премиер, Љубчо Георгиевски.
„Кога зборуваме за договорот со Бугарија јасно мораме да кажеме дека ако не беше моронската политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ према истата држава, воопшто немаше ни да има потреба за таков договор. Како што да не беше антиквизацијата, веќе одамна со ФИРОМ ќе бевме во НАТО“.
„Колку силна пројугословенска идеологија ја има заробено мојата бивша партија? Колку лицемерие демонстрираат одредени луѓе? Антонио Милошоски фронтменот на оваа операција заборавил ли дека во првото ВМРО неговата единствена вредност беше што се декларираше за чист Бугарин“, напиша Георгиевски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ се претвора во комплетна идеолошка карикатура.