(ВИДЕО) Георгиевски: Ако ми понудат да бидам премиер би коалицирал со ДПМНЕ

Од:

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски пред почетокот на Централниот комитет во изјава за медиумите ги обвини Демократскиот сојуз и ФРОДЕМ за пропаѓањето на преговорите за формирање на десен блок.

Тој кажа дека не е вистина дека побарале од нив да биде потпишана изјава дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ, напротив, како што рече, повеќе зборувале за тоа колку биле разочарани од Заев, како лидер на опозицијата, отколку што зборувале за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Хипотетички, доколку на овие избори освоиме 15 пратеници и ВМРО-ДПМНЕ ни понуди со нивна помош да формираме малцинска влада, ние тоа би го прифатиле“, рече Георгиевски.

Тој кажа дека на централниот комитет ќе се разгледува можноста за реактивирање на преговорите за десен блок, но најверојатно коалицијата ќе биде единствено помеѓу ВМРО-НП, ОМ и Достоинство.

Според Георгиевски, Коалицијата за Промени и Правда намерно ги „минирала“ преговорите, а доказ за тоа се изнесените информации дека „пукнала тиквата“ за формирање на десен блок, додека преговорите се уште траеле.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат