Георгиев: Овој состав на Судскиот совет ќе биде исклучително транспарентен

Од:

Судскиот совет со мене како претседател ќе покаже дека ќе ја зголемува транспарентноста и отчестноста во работата, изјави пред почетокот на денешната седница претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев.

-Вчера со реакција се јави ЗНМ дека неоправдано биле отстранети камерите, но јавноста беше присутна преку новинарите, невладините, но заради големиот број на присуство на камери, стручните служби со потешкотии си ја вршеа својата работа. Сведоци сме дека тешко се вршеше движење при ждребување на дневниот ред, рече Георгиев.

Тој гарантира дека овој состав на Судскиот совет и тој како претседател дека ќе бидат исклучително транспарентни.

– Само сите заедно со исклучително транспратентна работа заедно ќе постигнеме добри резултати. Барав да има присуство од камера од МИА и ве повикувам и во иднина да ги следите нашите седници. Уште денес ќе стапам во контакт со претставници од МИА преку Судски совет да имаме во иднина редовно снимање на седниците и да се пренесува преку МИА и кој е заинтересиран да презема од МИА, заклучи Георгиев на почетокот на седницата.

Судскиот совет вчера одржа прва седница, откако е избран новиот претседател Сашко Георгиев, откако беше разрешена Весна Дамева.

Георгиев вчера на почетокот на седницата кажа дека поради условите во салата, одлучено е камерите да не бидат внатре, туку само новинарите.

-Ќе потенцирам во делот на јавноста, јавноста ќе биде присутна, но камерите само ќе бидат оставени уште минута до две, да го завршат својот прилог за снимање, а потоа камерите ќе мора да ја напуштат седницата. Јавноста останува да биде присутна, а камерите доволно е да бидат присутни само мал дел, а потоа нема потреба. Вие сте присутни. Условите ни се такви дека тоа е најцелисходно, не е тоа нетранспарентно, но е потребно за условите за работа, рече Георгиев на почетокот на седницата.

На ова реагираше ЗНМ, осудувајќи го, како што посочи, „непринципиелниот однос на новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, да ги отстрани присутните сниматели, а притоа да им биде дозволено присуство на новинарите на седницата“.

– Ова е лоша пракса, што може да биде лесно преземена и од други институции и да придонесе кон нарушување на правото на јавноста да биде целосно информирана за работата на судските власти. Фактот дека една долго воспоставена позитивна пракса за следење на расправата со присуство на сниматели е прекината со едно нелогично образложение дека снимателите ја попречуваат работата и влијаат на концентрација на присутните, без притоа претседателот Георгиев да објасни на кој начин снимателите одеднаш станаа пречка за работењето на советот, наведе вчера ЗНМ.

Оттаму посочуваат дека не гледаат никаква оправданост во причината на оваа донесена одлука, од страна на претседателот Георгиев.

Георгиев беше избран за претседател на Судскиот совет на 4 мај, откако на 26 април на јавна седница беше разрешена неговата претходничка Весна Дамева. Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот за остратнување на Дамева од претседателското место. Дамева, која по гласањето за нејзино разрешување обвини дека „Советот е претворен во анархија“, а одлуката ја оцени како противзаконска и донесена „за да се задоволат одредени поединци од политиката“. Реакции дека разрешувањето на Дамева е нелегално имаше и од експерти и претставници на од невладиниот сектор.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието ќе го консултира Уставниот суд за да не згреши ако ги разреши членовите на Судски совет избрани од Парламентот

Катерина Ѓуровски

Тошковски за акцијата во Судскиот совет: Премногу е рана фазата за да навлегуваме во детали

Судски совет: Нема наредба за претрес, соработуваме со ОЈО Скопје

А1он

МВР врши претреси во Судскиот совет, се бараат записници поврзани со мандатот на Дамева

Горан Наумовски

МВР упадна во просториите на Судскиот совет

Горан Наумовски

Кузеска: Скандалозен е изборот на сопругата на градоначалникот на Радовиш за членка на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски