Георгиев: Децата се тепаат, власта спие

Од:

Млади луѓе, деца се пресметуваат на улици и во автобуси, а се почесто се користи и оружје во пресметките. Власта очигледно покажува капацитет единствено по случувањата да ги открие сторителите, иако има и обврска да обезбеди основна сигурност за сите граѓани во државата, како за Македонците, така и за Албанците, изјави Гордан Георгиев од СДСМ.

– Оваа состојба не е нова и се повторува веќе неколку пати. И во минатото бевме сведоци на серија фингирани кризи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Нивното несогласување околу изградбата на црква, резултираше со тепачките на Кале-то, а нивните провокации во Струга и Вевчани, завршија со серијата инциденти и пресметки по автобусите. Денес повторно оваа коалиција си игра со емоциите на граѓаните и повторно како последица се повторуваат спорадични инциденти меѓу учениците.

– Граѓаните се сè повеќе загрижени и со право бараат одговор на клучното прашање, како тоа можевте да се договорите да ги зачувате министерските фотелји, соочени со интерпелацијата, а не покажувате капацитет, ниту волја да се договорите за клучните проблеми, кои сами ги создавате – изјави Георгиев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“