Георгиев: Бес и омраза имаше во крвавите очи на битангите што не исфрлаа

Од:

„Кобен беше понеделникот кога насилно не исфрлаа од Собранието на Република Македонија. Ова е крај, бидејќи секој почеток мора да има крај. Ова беше крај кој нужно навестува и нов почеток. Добар или лош почеток, не знам. Но, ова се моменти кога сведоштвата и записите се потребни. За да не се заборави, за да не се повтори“, пишува потпретседателот Гордан георгиев во колумна за „Утрински весник“.

Георгиев пишува за бруталноста врз бремената Наринела Тушева, за насилството врз Шеќеринска, Бендевска, Казанџиска, Томиќ, Мираковска.

„ Бруталноста, бесот, омразата и потребата за одмазда што се гледаше крвавите очи на битангите што не’ исфрлаа е без преседан. На таков начин да клоцаш жена, да ја тегнеш, малтретираш и понижуваш пред очите на колеги, пред очите на жената Гордана Јанкулоска, потоа пред очите на целата јавност е нешто незапамтено во целиот демократски, па и недемократски свет“, пишува Георгиев.

Потпретседателот на СДСМ е згрозен бидејќи пратениците на ДПМНЕ, послушно седеле на своите пратенички места, молчеле еднакво гробно како што молчат специјалните полициски единици во првиот ред на кордонот.

„Македонските граѓани никогаш нема да ги заборават сцените со двоецот Зоран-Гордана. И не треба. За да не се заборави, за да не се повтори. Трајко Вељаноски ќе остане запаметен во историјата на овој народ како човек кој брутално го скрши Уставот, како беспоговорен срамен извршител на наредбите на Груевски. Како претседател на Собранието кој постави динамит на темелите на македонската демократија. Тој ќе биде третиран соодветно на неговата безначајна смисла на постоењето. Како кадифена кукла која не може да се движи без кукларот да ги повлече конците. Добро е да го заборавиме и да не ни се повтори никогаш повеќе“, напишал Георгиев во колумната за Утрински весник.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он