(ВИДЕО) Георгиевски: Ова е нашата црвена линија на демократијата од која не попуштаме

Од:

Македонија имала и има проблеми, но, рече пред присутните, лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, тие полесно ќе се решаваат ако имаме чувство за повеќе демократија.

Ниту во времето на СДСМ, ниту во времето на поранешното ДПМНЕ, рече Георгиевски, Македонија не била вака задолжена.

„Овие луѓе од власта немаат основно чувство за демократоија, немаат црвени линии, скарани се со демократијата.

– Ова не се случило во овие 20 години демократија. Сме имале многу разлики и расправии, но никому не му текнало да укине расправа во Собранието“, рече лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски.

Георгиевски праша, Македојнија има буџет за 2012, но зошто нема пари за субвении и зошто владата должи секаде?

„Ова е нашата црвена линија на демократијата од која не попуштаме. Сега е време да се стави крај, да прекинеме со изградбата на споменици и луксузирање. Тие само тоа го сакаат“, изјави Георгиевски.

Ги повика сите членови на ВМРО-НП да дадат поддршка на опозицискиот отпор.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска