Генијалецот негира дека е пријавен на конкурсот на Министерството за здравство

Од:

Проф. д-р Октај Ахмед демантира дека е првиот пријавен на конкурсот на Министерството за здравство, откако со неговото име се шпекулираше во неколку медиуми, а и преку социјалните мрежи.

Во продолжение e демантот на Проф. д-р Октај Ахмед.

Деновиве во печатените и во електронските медиуми, како и на социјалните мрежи е актуелен конкурсот на Министерство за здравство, според кој кандидатите за советници кои ќе се ангажираат при ова Министерство треба да поседуваат сертификат од Менса за коефициент на интелигенција од најмалку 140 IQ.

Откако Министерството објави дека веќе еден кандидат се пријавил на конкурсот, некои медиуми го објавија наводниот сертификат од Менса на пријавениот кандидат. Во документот фигурира и моето име, меѓутоа на денот кога писмото е испратено (07 ноември 1999 година), бев само контакт-лице за кандидатите од Македонија, бидејќи бев официјалниот организатор на првото Менса тестирање во Македонија и дозволата за организирање на Менса тестирање во Македонија беше на мое име. Тоа беа резултати од првото Менса тестирање во Македонија. Подоцна, со овие кандидати кои го исполнија условот за влез во Менса, официјално и ја формирав Менса Македонија.

Исто така, на социјалните мрежи (Facebook и Twitter) се појавија информации дека јас сум тој пријавениот кандидат на конкурсот на Министерството за здравство. Дури имаше и линкови до мојата приватна веб страна.

Поради тоа, цело време мојот приватен мобилен телефон ѕвони и затоа бев приморан да го исклучам.

Сакам тука пред целата македонска јавност да искажам ДЕМАНТ на сето објавено во врска со моето име.

Јас сум професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Ниту работам, ниту ќе работам во здравство, ниту, пак, планирам да аплицирам за било какво советничко место во било кое наше министерство.

Од друга страна, сакам да напоменам дека, иако основач, веќе две и пол години не сум член на Менса Македонија, туку во моментов сум директен член на Меѓународната Менса (Mensa International) со седиште во Лондон.

Со почит,
Проф. д-р Октај Ахмед

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство