Генералниот совет на ДУИ на итен состанок

Од:

Партиското раководство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) утре ќе одржи состанок.

Како што потврди портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, состанокот на Генералниот совет ќе се одржи во 13 часот.

Доцна синоќа лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот фејсбук профил соопшти дека е во постојана комуникација со сите политички партии, „освен со оние кои се против Охридскиот договор и евроатлантската иднина на земјата, со цел менаџирање на состојбата создадена по оставката на премиерот и лидер на коалицискиот партнер СДСМ Зоран Заев“.

Како што напиша Ахмети, нема да се постапува ниту со емоција, ниту со еуфорија.

-Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите страни, со исклучок на тие кои ги негираат Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за доброседство, НАТО, ЕУ, Република Косово и албанскиот јазик. Исто така, за актуелните случувања во контакт и кординација сум со нашите стратешки партнери, САД, НАТО и ЕУ. Нема да постапуваме ниту со емоција, ниту со еуфорија, наведе лидерот на ДУИ на својот фејсбук профил по објавата на ВМРО-ДПМНЕ дека има ново парламентарно мнозинство.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата 90% од грантовите за Охридскиот договор ги доделила на организации од српската заедница

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор

А1он

Ајдари: ДУИ е за една изборна единица, со отворени листи и со изборен праг од 5 проценти

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on