ГДУ го промовираше својот локален клуб во Охрид

Од:

Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, синоќа во хотелот „Нова ривиера“ го промовираше својот локален клуб во Охрид. Настанот беше помрачен од фактот што ден претходно почина таткото на претседателот на локалниот клуб, Крсте Ристески, а на денот на самата промоција пристигна веста за прераната смрт на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.

На самата промоција свои обраќања имаа потпретседателот на локалниот клуб во Охрид Михаил Трендафилов, потпретседателот на ГДУ, д-р Енсер Јусуфоски и претседателот на партијата, Петар Колев.

Во своето обраќање Трендафилов истакна дека верува во идеите кои ги застапува Граѓанско Демократска Унија, бидејќи партијата е млада и нема хипотеки од минатото. Трендафилов истакна дека ГДУ ќе го обели образот на македонското политичко милје и додаде дека луѓето ќе се убедат во тоа, како што тој поверувал во оваа млада и прогресивна партија. Потпретседателот на локалниот клуб истакна дека ГДУ ќе биде промената на политичкото статус кво од кое за 27 години, останатите политички партии направиле само поделба меѓу македонските граѓани.

Потпретседателот на ГДУ, д-р Енсер Јусуфоски во своето кратко обраќање ги поздрави присутните и им посака успешна работа во промовирањето на идеите за кои се залага партијата.

Претседателот на Граѓанско Демократската Унија, Петар Колев, обрна внимание на тоа дека основната идеја на политиката е да создаде услови за подобар живот и развој на обичниот човек, а не само поле на кое се истакнуваат различните ставови и се прават политички кариери. Колев беше дециден дека ако политичарите не успеат во тоа да им овозможат понормален живот и секојдневие на граѓаните, тогаш нема никаква смисла во тоа со што се занимаваат. Од партијата информираа дека според нивниот план следниот локален клуб што ќе биде промовиран ќе биде во градот Куманово.

Колев во своето обраќање изрази сочувство до претседателот на локалниот клуб на ГДУ-Охрид, Крсте Ристески, за прерано изгубениот член од семејството и до семејството на прерано починатиот градоначалник на градот Охрид, Јован Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски