ГДУ: Дали Заев ќе се ослободи од неспособните или Ахмети ќе ги заштити „белите мечки“

Од:

Никој не е незаменлив, но некои тоа никако да го сфатат. Кога се во прашање оставки или „метлата“ очигледна е нервозата и чувствителноста кај ДУИ, особено по протекувањето на нови нелегално прислушувани разговори на социјалните мрежи за функционери токму од оваа партија велат од Граѓанско Демократска Унија, преку соопштение.

„Но уште поочигледно е дека на Заев потешко ќе му оди со „метењето“ во Владата, отколку во партијата, со оглед на тоа што министрите од ДУИ јасно порачаа дека за нив одлучува лидерот Ахмети, а не премиерот.

Ова ќе биде тест за премиерот, дали ќе се ослободи од неспособните, или лидерот ќе ги заштити „белите мечки“.

Но она што се наметнува како дилема е зошто новите „бомби“ се појавија пред владината реконструкција? Дали целта е за да се намали влијанието на ДУИ во коалицијата?

Дополнително загрижува ширењето на нови прислушувани разговори преку интернет. Заев убедуваше дека сите материјали се во рацете на Јанева и нејзиниот тим. СЈО сега не убедува дека новите „бомби“ не се од кај нив, а МВР и Основното јавно обвинителство никако да истражат до крај како овие разговори излегуваат во јавност.

ГДУ бара надлежните да одговорат од кога се овие прислушувани разговори и како стигнале во рацете на објавувачите. Колку вакви материјали има како што се шпекулира на црниот пазар во земјава и надвор од границите на државата?“, прашува Граѓанско Демократска Унија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски