Гаши се здружи во Левица за интепелацијата на Илире Даути обвинува Алијанса на Села

Од:

Нелегитимната коалиција ВЛЕН и претседателот на Собранието Африм Гаши се здружија со Левица против претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, за да го деблокираат законот за „бранители“, велат од Алијанса за Албанците на Зијадин Села.

– Претседателот на Собранието Гаши ја обработи интерпелацијата што ја покренаа пратениците на Левица против Илире Даути, што значи дека со нејзиното разрешување ќе се избере друг претседател, кој може да не биде од нашите редови и потоа на дневен ред ќе го стави законот за „бранители“ и истото да се обработи понатаму до конечното гласање. ВМРО, СДСМ и Левица имаат доволно гласови и нема друг механизам за блокирање.

Го повикуваме Африм Гаши итно да се повлече од оваа скандалозна акција која нема врска ниту со функцијата претседател на комисијата, ниту со пратеничката Илире Даути, туку со нејзината битка за еднаквост на граѓаните. Го потсетуваме Гаши дека станува збор за битка која пратеничката Илире Даути заедно со нејзините колеги ја разви уште во времето кога таа се бореше за обезбедување државјанство за Албанците, кога дел од коалицијата беше и Африм Гаши. Но, денес, кога пратеничката Даути ја продолжува битката за еднаквост на Албанците, Гаши избра да им се придружи на оние кои и тогаш и денес се борат против Илире Даути и правата на Албанците во Северна Македонија.

Африм Гаши да го следи примерот на пратеничката Илира Даути и како што таа не го стави на дневен ред законот за „бранители“, така и тој да не ја стави на дневен ред интетпелацијата против неа. Во спротивно, ова би било тежок удар за Албанците, овој пат со потпис и печат на пратеник и претседател на Собрание, Албанец, велат во соопштениет од крилот на Села во АА.

Би можело да ве интересира

АА: Бараме итна оставка или разрешување на Фатмир Лимани

Комисијата која заглави поради Законот за бранителите останува блокирана, пропадна обидот на Гаши да ја нормализира состојбата

Катерина Ѓуровски

АА: Паркингот на Клинички треба да биде управуван од самата институција

Со церемонија пред Собранието Гаши го пречека претседателот на хрватскиот Сабор

Гаши: Владата треба да биде внимателна во Собранието како се однесува кон пратениците

Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско, одлучи Антикорупциска