Ганиу да добие кривична или грант од Фонд за иновации за патување во времето, Арсовска повторно го прозва градоначалникот на Чаир

Од:

Лик како Вики Ганиу би требало да добие грант од Фонд за иновации, кога веќе не добива кривична пријава за над 150 противзаконски и опасни дивоградби кои ги кеширал, вели градоначалничката на Скоје во најновата од серијата објави и обвинување кон градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, а поврзано со дивоградбите и како што вели, фалсификатите за кои го обвинува веќе подолг период.

Арсовска објавува и стаелитски снимки од локациите за кои тврди дека се спорни и кои според неа ги потврдуваат нејзините тврдења.

– Ако ги погледнеме двете сателитски снимки од кои првата е од денес, а втората од 2023 година ќе забележиме дека Ганиу успеал и да најде начин како да патува низ времето. Јавното обвинителство не гледа никаков проблем зграда ИЗГРАДЕНА СЕГА, да биде заведена како објект кој е изграден пред 2011 година, иако очигледно е дека според ОФИЦИЈАЛНАТА снимката на Катастар која е направена во 2023 дека на таа локација нема зграда. Снимката е јавно достапна на Катастар и може секој да ја види и истото да го утврди па дури и Јавното обвинителство. ОЧЕКУВАМ НА КАТАСТАР СИСТЕМОТ ДА ПАДНЕ, А ДОКАЗИТЕ КОИ СЕ ВО ОПШТИНА ЧАИР ДА БИДАТ УНИШТЕНИ, за што имавме информации и јавно ги истакнавме со докази, но никој не оди во Чаир овие докази да ги обезбеди со што се дозволува да се уништат.
Сега апелирам, или Вики да добие Кривична пријава за фалсификување документи и овозможување на бесправна градба или да добие грант од Фонд за иновации за изум за патување низ времето, се вели во објавата од Арсовска.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот