Г.г. Стефан утре ќе чиноначалствува со литургијата во храмот „Свети Наум Охридски“ во Радишани

Од:

Утре, на Велика сабота, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ќе чиноначалствува со светата Василиева литургија во храмот „Свети Наум Охридски“ во Радишани.

-Прославата на Христовото воскресение ‒ победата на животот над смртта, ќе почна во ноќта на 15 наспроти 16 април, со раздавање на светиот Благодатен Оган, по што ќе биде отслужена Пасхална полуноќница. На неа, радосно пеејќи „Воскресението Твое Христе Спасителу, ангелите го воспеваат на небесата, а и нас на земјата удостој нè, со чисто срце да Те славиме”, Архиепископот, свештенослужителите и верниот народ ќе извршат трократен опход околу Соборниот храм, информираат за МИА од МПЦ ‒ ОА.

Во неделата наутро, на денот во кој Црквата го прославува светлото Христово Воскресение, г.г. Стефан ќе отслужи Пасхална Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.

Би можело да ве интересира

Кавадарчански се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост