Фондот за здравствено осигурување на Македонија донесе одлука за линеарно зголемување на квотите за дополнителни 12.000 денари за секоја здравствена установа – аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари за месец февруари, информираат оттаму.
Со оваа дополнителна мерка, велат Фондот обезбедува дополнителен износ од над 9 милиони денари за месец февраури, што ќе придонесе за достапност на лекови на рецепт за осигурените лица во текот на месецот. Причините за оваа дополнителна мерка се сезонскиот грип, прогласената епидемија на морбили, како и значителната искористеност на квотата за месец февруари, заклучно со денешниот датум, велат од ФЗОМ.
„Ова линеарно зголемување ќе важи само за месец февруари 2019 година. Фондот продолжува внимателно да ги следи состојбите со достапноста на лековите на рецепт во аптеките, со цел осигрените лица да добиваат навремено и квалитетно обезбедување на лекови на рецепт“, велат преку соопштение од Фондот за здравствено осугурување на Македонија.