ФЗОМ од 1 јануари воведува организирани дежурства на аптеките

Од:

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) од 1 јануари почнува со организирани дежурни аптеки со цел обезбедување континуирана здравствена заштита на осигурените лица во текот на ноќта, за време на викенд и државни празници согласно потребите на населението, како и за непречено обезбедување лекови на рецепт од листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот.

Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на ФЗОМ Јован Грповски кој рече дека за проектот „Дежурни аптеки“ разговарале и со Фармацевтската комора на Македонија која позитивно го оценила и поддржала.

– Заедно со Фармацевтската комора дојдовме до решение во градот Скопје (општините Центар, Аеродром, Карпош, Чаир и Кисела Вода), како и во градовите Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Охрид, Струмица, Велес, Кавадарци, Штип, Кочани, Струга и Гостивар, каде што има над 30.000 осигуреници и најмалку 15 аптеки во градското подрачје, да има дежурни аптеки кои ќе работат во текот на ноќта и за празниците, посочи Грповски.

За градовите кои имаат помалку од 15 аптеки и помалку од 30.000 жители, истакна Грповски, ќе има обезбедено дежурна аптека која ќе биде достапна на повик, а информациите на кој телефон ќе може да се повика и која аптека во овие градови е дежурна ќе ја има на веб-страницата на Фондот и  ќе биде објавена во дежурните служби во соодветните места.

Тој рече дека реализираните рецепти од дежурните служби за ургентни терапии ќе бидат посебно финансирани, односно, како што истакна, нема да бидат во квотата која ја добива аптеката.

– И натаму ќе останеме посветени на унапредување на услугите на осигурениците и поголема достапност до нив, додаде Грповски.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека буџетот на Фондот за 2013 година не е донесен. Потенцира дека ќе има мало зголемување на буџетот, но тоа, како што појасни, е поради лекување на пациенти во странство на кои Фондот ќе им ги покрива трошоците и тие ќе плаќаат по 200 евра партиципација.

Би можело да ве интересира

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Орце Костов

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски