ФЗОМ не е надлежен за набавка на инсулин и други потребни средства за третман и контрола на дијабетесот

Од:

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги демантира информациите објавени на нашиот портал.

„Фондот за здравствено осигурување на Македонија не е надлежен за набавка на инсулин и други потребни средства за третман и контрола на дијабетесот. Оттаму, податоците во написот, за кои се вели дека се од Фондот за здравствено осигурување, се невистинити, бидејќи такви во Фондот нема.

Набавката на инсулин и на ленти за лицата со дијабетес се одвива по Програма на Министерството за здравство, а Фондот нема никаква надлежност во дистрибуцијата на инсулин.

Фондот за здравствено осигурување, како јавна и транспарентна институција, ги охрабрува претставниците на медиумите да ги проверат фактите, пред истите да бидат објавени, со цел да нема дезинформација на јавноста“, велат од ФЗОМ.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

A1on