ФЗОМ: Изработката на електронските здравствени картички се одвива редовно

Од:

Изработката на електронските здравствени картички (ЕЗК) се одвива редовно и согласно рамката на капацитетот на машината за печатење и бројот на поднесени барања за нивно издавање, соопшти Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

Оттаму информираат дека работат според претходно дефиниран акционен план по категории на осигуреници.

Во ноември минатата година се дистрибуирани електронските здравствени картички за вработените од јавна и државна администрација и нивни членови во количина од околу 200.000 картички. До крајот на минатата година се подготвуваа податоците за издавање и изготвување електронски здравствени картички за неосигураните лица (невработените лица).

Истите во најголем дел се изработени и дистрибуирани во нашите подрачни служби од каде осигурениците може да ги подигнат по доставен доказ за направена уплата за износот за ЕЗК согласно правилникот за цена на чинење на ЕЗК, стои во соопштението.

Оние осигуреници на Фондот, од категоријата неосигурани лица кои немаа поднесено барање за издавање на ЕЗК или пак барањето не им беше комплетно, наведуваат од Фондот, истото може да го сторат во периодот на пререгистрација на оваа категорија на здравствени осигуреници која е во тек. Во моментов за оваа категорија осигуреници се изготвени околу 100.000 картички и осигурениците може да ги подигнат во подрачните служби на Фондот. Исто така за оваа категорија на здравствени осигуреници (носители и нивни членови) во моментов се изработуваат околу 300.000 картички.

Согласно дефинираниот план на ФЗОМ и Министерството за здравство, приватните фирми за своите вработени и членови на нивните семејства може да поднесуваат барање за издавање на ЕЗК во било кое време и нивните барања се обработуваат и соодветно на тоа податоците се доставуваат за изработка на електронски здравствени картички.

Веднаш штом се изработат картичките се известуваат овластените лица да ги подигнат картичките за своите вработени по претходно докомплетирање на документите потребни за подигање на ЕЗК, се вели во соопштението.

Барањата на пензионерите кои поднесоа барање за издавање на ЕЗК кај матичните лекари се доставени за изработка на електронски здравствени картички и согласно капацитетот на машината за печатење се изработуваат и доставуваат во подрачните служби на Фондот. Во моментов има испечатено околу 50.000 картички, а во фаза на изработка се околу 150.000.

Откако ќе се достават изработените картички за пензионерите во подрачната служба, се информираат пензионерите преку телефон (доколку го имаат оставено телефонот за контакт на образецот од барањето) или пак преку матичниот лекар дека нивната картичка е готова и може да дојдат во просториите на соодветната подрачна служба да ја подигнат, информираат од ФЗОМ.
Во моментов се изработени 500.000 електронски здравствени картички, и тековната продукција се одвива непречено. ФЗОМ во континуитет доставува податоци за перосонализација и нема застој ни од тој аспект, се наведува во соопштението од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Би можело да ве интересира

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов